Церје (Говрлево)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Церје — археолошко наоѓалиште кај скопското село Говрлево. Претставува населба од неолитското време и се наоѓа на 2 км југоисточно од селото, помеѓу Чифличка Река од исток и Церешка Река од запад.[1]

Населбата е случајно откриена во 1981 г. а од 1982 г. започнале систематски ископувања. Во длабокиот културен слој е пронајдена повеќеслојна населба со шест хоризонти на живеење. Најстариот хоризонт (I) е од времето на раниот неолит, напореден на праисториската култура Анзабегово-Вршник I, хоризонтите II-IV се од средниот неолит, напоредни на Анзабегово-Вршник II-IV, а последните два хоризонти се од доцниот неолит, идентични на културата Зелениково II.[1]
Откриени се три куќи за живеење, од дрво и кал, со димензии од 4,5 × 4,5 м, поделени на две простории.
Remove ads
Позначајни наоди
Адам од Македонија
Во 2000 г. во Церје ова место археологот Милош Билбија пронашол исклучително реалистична фигурина на машко торзо големо културно значење, која ја нарекол „Адам од Македонија“ (позната и како Адам од Говрлево), и за која се смета дека датира од VI милениум п.н.е. Денес артефактот се чува во Музејот на Град Скопје.
Древно писмо
На наоѓалиштето е се откриени и артефакти со знаци налик на глаголицата, но кои сѐ уште не се дешифрирани.[2] Некои овие знаци ги сметаат за едно од најстарите писма на светот.
Remove ads
Поврзано
Препорачана литература
- Фиданоски, Љубо (2012). Церје - Говрлево и Милош Билбија. Скопје: Музеј на Град Скопје. ISBN 978-608-233-018-1.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads