Цетина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Цетина — река во јужна Хрватска, во централна Далмација. Вкупна должина на реката е околу 105 км, површината на сливот е 1463 км2.[1] Извира од планината Динара, на надморска висина од 385 м, а се влева во Јадранското Море. Реката е пловна во должина од 7 км. Крајот околу реката Цетина често се нарекува Цетинска крајина, а самата река во раниот среден век ја правела границата помеѓу Србите и Хрватите според пишувањето на византискиот цар Константин Порфирогенит (913—959)
Remove ads
Течение
Цетина извира на северозападните падини на планината Динара, во близината на селото Цетина, кое е оддалечено 7 км од населбата Врлика. На околу 15 км од изворот, во Цетина преку водопадот се влева мала река Драговиќ. Во близина на населбата Врлика почнува Перуќкото езеро, кое настанало со изградбата на браната на околу 25 км низводно. Потоа реката протекува низ Сињско Поле, а потоа продолжува да се движи во правец на исток, па повторно завртува на запад околу планината Мосор, пред да дојде до влвиот во Јадранското Море кај градот Омиш. Цетина е најдолга река во областа Далмација.[2] Реката е богата со водопади од кои најголем е водопадот Велика Губавица кој со своите 49 м висинска разлика, спаѓа меѓу најголемите водопади во Хрватска. Во текот на летото просечниот проток на вода низ реката изнесува 4-6 м3/с, а во текот на сезоната на врнежи, протокот значително расте.
На реката се изградени неколку помали хидроелектрани.[3]
Горен ред: Изворот на Цетина. Перуќко Езеро. Цетина во Сињско поле.
Долен ред: Близу Триљ. Кањон близу Шестановац. Вливот на реката кај Омиш.
Долен ред: Близу Триљ. Кањон близу Шестановац. Вливот на реката кај Омиш.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads