Омиш

From Wikipedia, the free encyclopedia

Омиш
Remove ads

Омишград во Хрватска, во Сплитско-далматинска жупанија. Зафаќа површина од 266,20 км² и население од 6.462 жители. Во пошироката околина живеат 14.936 жители.

Кратки факти Омиш, Држава ...
Remove ads

Географска положба

Градот се наоѓа во Далмација, на устието на реката Цетина во Јадранско Море.

Историја

До територијалната реорганизација во Хрватска се наоѓаше во составот на старата општина Омиш.

Подрачјето на Јадранскиот брег, прво го населуваат Илирите, околу 1000 година п.н.е., а после нив доаѓаат Грците околу 400 година п.н.е. кои основаа колонии на брегот и поблиските острови. После нив Римското Царство доаѓа на власт во 34 година п. н. е. Околу 600 година Србите и Хрватите се населуваат на подрачјето на денешна Далмација.

Првите жители на тоа подрачје после падот на римската власт според Константин Порфирогенит биле некрстените Срби, а Омиш се наоѓал во состав на српското кнежевство Паганија. Омиш бил најзначаен град на српска Паганија, од каде омишките гусари ги напаѓале бродовите.

Омиш првпат пат се споменува во историјата под името Онеум (латински: Onaeum), кој згаснува во почетокот на 7 век. Историското средиште на тогашниот Омиш било сместено на источниот брег на реката Цетина (името потекнува од фригискиот збор зетна - врата, и со тоа се опишува устието на Цетина во морето).

Во античкиот период населбата Омиш веројатно се наоѓала кај селото Баучиќ каде се пронајдени многубројни антички пронајдоци (релјефи, натписи, надгробни споменици, светилки, пари итн.). Најважни споменици, кои се чуваат во Градскиот музеј, се пронајдоците од камени римски натписи. Од текстот може да се заклучи дека се направени за време на владеењето на римските цареви Тибериј и Клаудиј, а највероватно биле наменети за некоја јавна зграда, споменик или пат, што говори за важноста на населбата во која се градени.

Remove ads

Население

На пописот на население од 2011 година, градот Омиш имаше 14.936 жители, од кои во самото населено место 6.462.

Град Омиш

Повеќе информации Број на жители според пописот ...

Омиш (населено место)

Повеќе информации Број на жители според пописот ...

Попис 1991

На пописот на населени од 1991 година, населеното место Омиш имало 6.079 жители, од следниот национален состав:

Повеќе информации Попис 1991. ...

Збратимени градови

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads