Цибрица

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Цибрица (латински: Ciabrus, Кјабрус) ― река во западната Дунавска Рамнина во северна Бугарија и десна притока на Дунав. Реката потекнува од областа Широка Планина на предницата на Стара Планина во близина на српската граница и тече во североисточен правец дијагонално низ Областа Монтана. Источно од селото Долен Цибар во општината Валчедрам, се влева во Дунав.

Кратки факти Цибрица, Местоположба ...

Цибрица има должина од 91,2 километри и слив од 922 квадратни километри. Кај Игнатово во близина на устието на Цибрица, нејзиниот просечен истек е 2 кубни метри во секунда. Водите на реката се користат за наводнување. Ниската рамнина помеѓу Цибрица на запад и Огоста на исток е познато како Златија и е плоден земјоделски регион.

Во античкото римско време, реката била позната како Кјабрус (Ciabrus), а регионот бил населен од тракиското племе Трибали.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads