Циклама
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Циклама [1], или Дријаква[1], или алпска фила[1] (латински: Cyclamen - род на растенија од подфамилијата мирсиновие (Myrsinoideae) од семејството Првоцветни (Primulaceae).


Распространетост
Видовите од родот циклама се повеќегодишни тревни растенија, вообичаени во Медитеранот; од Шпанија на запад до Иран на исток, како и во североисточна Африка, вклучувајќи ја и Сомалија.
Ботанички опис
Растението се состои од подземен дебел клубен, кратко подземно стебло и надземни листови, во облик на срце, овални или бубрежни, кои растат од основата. Цветовите се единечни, цветаат на петелки долги (околу 30 см), спирално се вртат по цветањето. Цветот еправилен, со ѕвонеста, петочлена чаша и петочлено венче, во бела, розова или виолетова боја; лобусите на венчето се свиткани назад; 5 -те прашника не се испакнати од и не ѕиркаат од ввенчето; нивните навои се широки, кратки, прикачени на основата на подножјето на венчето. Еден толчник. Плодот е сферична капсула, полиспермозна, со многу семиња.[1]
Remove ads
Значење и примена
Некои видови циклами се користат како градинарски и како цветни растенија во затворено.
Екстрактот од циклама се користи во медицината за третман на синузитис како локален раздразнувач - тоа е дел од лекот Синуфорте.(Sinoforte)
Начин на одгледување
Цикламата е многу едноставна за одгледување, претпочита ладни температури до + 15 ° С и не сака директна сончева светлина [2] . Кога температурата се зголемува до 25 степени, може да хибернира. Цветењето ќе трае подолго ако таа е на свежо осветлено место. За одгледување на цикламата, соодветни се прозорците од источна и западна страна. Алпската виолетова циклама не сака влага, но за време на цветењето бара стабилно, умерено наводнување. По енергичното цветање, започнува периодот на мирување, во тоа време треба да се исклучи секое размножување и да се намали наводнувањето. Кога ја садите, изберете саксии 2 см пошироки од кореновиот систем; во големи сакции, цветањето ќе биде оскудно.
Remove ads
Список на видови
Според базата на податоци на списокот со растенија, родот вклучува 20 видови.[3]
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads