Циметна мечка
подвид на американската црна мечка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Циметна мечка (науч. Ursus americanus cinnamomum) — подвид на американската црна мечка. Единствената голема разлика е бојата на крзното, кое кај оваа мечка има црвеникаво-кафеавкаста боја, по што и го добила името (cinnamon значи цимет).
И оваа мечка е сештојад, односно се храни претежно со храна од растително потекло како лешници, ореви, плодови, но понекогаш и со мед, инсекти, риба, мали глодачи или мрша.
Remove ads
Живеалиште
Овие мечки живеат во југозападна Канада и во северозападниот дел на САД, источен Вашингтон, источен Орегон, Ајдахо, западна Монтана, западен Вајоминг, источно Колорадо и североисточна Јута[1], односно региони со сува клима. Американските мечки кои живеат во региони со поголема влажност, најчесто имаат црна боја на крзното.
Размножување
Женките достигнуваат полова зрелост на 4-5 годишна возраст, додека мажјаците на 5-6. Сезоната на парење најчесто е од јуни до средината на јули. Периодот на бременост е околу 7 месеци. Како кај повеќето мечки и кај овие има задоцнета имплантација на оплодената јајце-клетка, со што и се дава време на мајката да наталожи доволно масти за неа и за развитокот на младенчето за време на зимата, односно за време на хибернацијата[2]. Младите се раѓаат во јануари или февруари, и остануваат со мајката околу 17 месеци.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads