Јануари

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јануари
Remove ads

Јануари или коложег — првиот месец во годината според грегоријанскиот календар и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 ден. Според јулијанскиот календар, месецот јануари почнува од 14 ден на грегоријанскиот календар.

Thumb
Јануари, од молитвеникот на војводата од бери, 15 век

Потекло на зборот

Thumb
Богот Јанус со две лица

Јануари го добил името според грчкиот збор (Ιανουάριος) и латинскиот (-{Iānuārius}-). Наречен е според Римскиот бог Јанус, богот на сите почетоци, премини, куќни порти, Сонцето и светлината.

Името на првиот месец во годината води потекло од Римската митологија, од каде што потекнува и латински збор за порта - ianua. Јануари се сметал за порта кон остатокот од годината. Сепак во текот на историјата, јануари неколкупати си го променил своето официјално име. Така, долго време, во употреба бил саксонскиот назив Wulf-monath (со значење месец на волкот), како и кованицата на Карло Велики - Wintarmanoth (зимски / студен месец). На фински, јануари се вика tammikuu, што значи месец на дабот.

Remove ads

Јануари во другите словенски јазици

Старото македонско име за месецот јануари е Коложег. Кај другите словенски и балкански јазици, најчесто се сретнува под имињата: Сечко, Сијечањ, Сичен, Леден, Просинец и сл.

Поважни Православни празници во јануари

Јануари како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Јануари“ — краток расказ на македонската писателка Марија Ангеловска.[1]
  • „Јнауари“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.[2]
  • „Јануари, 1919 година“ - песна на рускиот писател Борис Пастернак од 1919 година.[3]
  • „Не го сакам јануари“ (српски: Не волим јануар) - песна на српскиот поп-музичар Ѓорѓе Балашевиќ од 1987 година.[4]
  • „Јануари“ (January) - песна на англиската рок-група Mega City Four од 1989 година.[5]
  • „Јануари“ (англиски: January) - песна на шкотската поп-рок група Пајлот (Pilot) од 1975 година.[6]
  • „Први јануари, попладне“ (српски: Први јануар поподне) - песна на српската поп-група Рани мраз од 1979 година.[7]
Remove ads

Надворешни врски


Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads