Цирков

From Wikipedia, the free encyclopedia

Цирковmap
Remove ads

Цирков (германски: Zirkow) — општина во округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на островот Риген во Балтичкото Море.

Кратки факти Земја, Местоположба на Цирков во рамките на округот Западна Померанија-Риген ...
Remove ads

Географија

Цирков се наоѓа во биосферниот резерват Југоисточен Риген помеѓу малиот град Путбус и балтичкото одморалиште Бинц. На североисток се граничи со Шмахтерското Езеро близу Бинц.

Општински единици

Во рамките на општината Цирков се наоѓаат следниве села: Алт Зилиц, Далквиц, Нистелиц, Пантов, Шмахт, Зерамс и Фирвиц.

Историја

Селото Цирков било првпат споменато во 1495. Името на местото доаѓа од словенскиот збор сираков, кој означува „место на сирак“.

До 1326, областа била дел од Кнежевството Риген, а потоа на Војводството Померанија.

До Вестфалскиот мир во 1648 Риген, а со тоа и Цирков, биле под шведска власт. Во 1815, селото заедно со Западна Померанија, потпаднале под пруската Покраина Померанија.

Во 1818, Цирков станал дел од округот Риген и останал таму сè до 2011, освен малиот период од 1952 до 1955 кога бил дел од округот Путбус. Во 2011 станал дел од новосоздадениот округ Западна Померанија-Риген.

Remove ads

Знаменитости

  • Тулната црква со основа од првата половина на XV век
  • Историскиот центар на селото со заштитени фахверк куќи
  • Природен резерват Шмахтерско Езеро
  • Ридот Ригенска девица (Rügener Jungfrau)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads