Западна Померанија-Риген

округ во Мекленбург-Западна Померанија, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Западна Померанија-Ригенmap
Remove ads

Западна Померанија-Риген (германски: Vorpommern-Rügen) — округ во северниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се граничи со (од запад надесно) Балтичкото Море и окрузите Западна Померанија-Грајфсвалд, Мекленбуршка Езерска Област и Росток. Седиштето на округот е ханзеатскиот град Штралзунд.[2]

Кратки факти Западна Померанија-Риген Landkreis Vorpommern-Rügen, Земја ...

Западна Померанија-Риген се одликува со разновидна крајбрежна пејзажна линија, тргнувајќи од многуте лагуни, плажи и гребени, дел од нив заштитени во националните паркови Западнопомерански лагуни и Јазмунд. Областа е исто така многу популарно одредиште за домашните и меѓународните туристи, вклучувајќи го Риген, најголемиот остров во Германија, островот Хидензе, полуостровот Фишланд-Дарс-Цингст и соседниот град Барт со Аеродромот Штралзунд Барт, пристаништето Засниц и Штралзунд, кој претставува светско културно наследство на УНЕСКО.

Thumb
Едрење покрај гребените во Националниот парк Јазмунд, на островот Риген. Округот Западна Померанија-Риген е еден од најпопуларните места за домашните и меѓународните туристи во Германија, благодарение на неговата уникатна заштитена природа, добрата инфраструктура, популарната бањска архитектура, историските градови и пространите плажи на бреговите на Балтичкото Море.
Remove ads

Историја

Округот бил основан со спојување на поранешните окрузи Северна Западна Померанија и Риген и поранешниот слободен град Штралзунд, како дел од локалната административна реформа во септември 2011.[2] Името на округот било одлучено на референдум на 4 септември 2011.[3] Проектното име за округот било Северна Западна Померанија.

Градови и општини

Повеќе информации Слободни градови, Слободни општини ...
Повеќе информации Општински заедници ...
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads