Циронка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Циронкa[1][2] или цирон[3][4] — традиционално македонско јадење од риба што потекнува од Преспанското Езеро.
Солење и сушење
Циронката се прави од преспанска белвица. Свежата риба се чисти и се посолува со многу сол додека не стане белузлава. Потоа, рибата се остава во сад шест до седум дена. Садот мора да биде покриен, а покрај рибата може да се стави и малку коприва. После тоа, рибата се ниже со игла и конец во низи и се остава да се суши на сончево време, додека не се стврдне. Вака исушената риба може да се користи во текот на цела зима.[5][6]
Remove ads
Подготовка на јадењето
Состојки
За оброк за четворица потребни се следните состојки:[5][6]
- 15-16 циронки
- нане,
- црвен пипер,
- буковка
- масло
- оцет
- 2 чешниња лук
Подготовка
За да се подготви за јадење, циронката се потпекува од двете страни и се става во жешка вода за да се отсоли. Водата се менува најмалку двапати. Циронката се реди во „паница“ се става малку нане, црвен пипер, масло, оцет и лук. Се остава течноста да се впие во нив, а потоа се меки. Вообичаено, се јадат со макало.[5][6]
Remove ads
Изрази
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
