Цоки Стојановски
македонски бранител From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Цоки Стојаноски (Тетово, 9 јануари 1973 – Брвеница, Тетовско, 31 август 2001 ) — македонски бранител, полицаец на СВР Тетово и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува во заседа кога врз службеното возило во кое се наоѓал тој, терористите отвориле оган од пушкомитралези и минофрлачи. Тој починал на самото место од тешките прострелни рани во градите.[1]
Remove ads
Животопис
Живот, војната 2001 и смрт

На полноќ на 31 јули 2001 година, во пресрет на големиот Илинден, Цоки беше на работното место на патот Тетово - Брвеница. Непријателскиот истрел од во темнината непознат и невидлиц правец го усмрти на 28 годишна возраст. Остави во тага семејство со две деца на чие детство неизмерно се радуваше и им го посветуваше секој слободен миг од својот динамичен живот.
Колегите од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Тетово својот колега ќе го паметат по безстрашноста и високата професионалност и нескриениот патриотизам. Цоки зад себе остави сопруга со две деца. Цоки Стојановски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads