Брвеница

село во Општина Брвеница From Wikipedia, the free encyclopedia

Брвеницаmap
Remove ads

Брвеница (локално познато и како Брвенца) — село во Општина Брвеница, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово. Селото претставува административно седиште на истоимената општина.

Кратки факти

Претставува едно од најразвиените села во Тетовско, а со соседното Долно Седларце се скоро целосно споени и функционираат како една голема приградска населба на градот Тетово.

Remove ads

Потекло и значење на селото

Името на селото првпат е споменато во XIV век (1346 г.). Неговото значење е од старословенскиот збор брвено со значење на греда или греда што служи како мост, примитивен мост со додавање на суфиксот -ица. Како некоја друга варијанта е и дека името доаѓа од постарото име Брвена (Река).[2]

Географија и местоположба

Thumb
Улица во селото

Селото се наоѓа во областа Долен Полог, во северниот дел на територијата на истоимената општина, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Тетово. Селото се наоѓа јужно и недалеку од самиот град Тетово.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 440 метри.[3] Од градот Тетово е оддалечено 4 километри.

Низ селото поминува регионалниот пат 2233.

Селото се наоѓа во рамнина југоисточно од Тетово. Соседни села се Долно Седларце и Фалише. Во минатото, водата за пиење се добивала преку бунари, кои се наоѓале во дворовите на куќите. Во атарот на селото се наоѓа изворот Буџаци.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Дубрава, Кленче, Сури Дол, Демирково, Папрадница, Долни Мост, Локва, Орленца, Долна Корија, Требејнца, Тумба I, Коња Бара, Преку Мост, Слогои, Шаторица, Тресоица, Тумба II, Огради, Горни Ливади, Требак, Ѓуроа Ограда, Ајмалија, Врбач, Ендеклија, Горна Корија и Браненица.[4]

Селото има збиен тип и куќите се групирани во три маала (состојба 1947 г.): Горно, Челопечко и Вардарско Маало. Првото маало своето име го добило по својата местоположба, второто по тоа што се наоѓа долж патот за селото Челопек, додека третото маало се нарекува така бидејќи е близу Вардар.[4]

Remove ads

Историја

За Брвеница нема пишани податоци во средниот век ниту во првата половина на отоманското владеење. Но, по некои знаци може да се заклучи дека селото постоело. За староста на селото говорат зачуваните малобројни македонски родови, кои тврдат дека се староседелци. До 1931 година, додека не била изградена новата црква, покрај селото се познавале стари дабови, а покрај нив се наоѓале остатоци од стариот храм „Св. Атанасиј“. Занимливи се и старините кои се наоѓаат на месноста Тумба (источно од селото), каде се наоѓаат остатоци од зграда, стари пари и друго.[4]

На крајот на XVIII век (1795 г.), Брвеница се споменува како чифлигарско село. Сопственик на земјиштето било тетовското теќе. Поради тоа, во селото постоела кула, од која се надгледувале селаните. Околу 1890 година, Андреј Стојанов навел дека Брвеница имала 16 православни куќи и дека тоа било чифлиг. Десет години подоцна во селото имало 15 православни куќи со 105 жители.[4]

Како чифлигарско село, Брвеница останало до 1912 година. При ослободувањето, во селото биле затекнати само 5-6 домови, додека останатите семејства привремено се иселиле во Тетово поради насилствата. Мештаните биле подложени на насилства од страна на чуварите на чифлигот, кои биле Албанци. Тие ги напаѓале жените, ги терале селаните на тешка работа и друго.[4]

До 1895 година патот низ селото бил главен пат за Гостивар и Радиовце, пред да биде изграден нов пат преку Тетово. За време на постоењето на овој пат, во Брвеница имало турска касарна и еден ан. Касарната била изградена на месноста Тумба, северно од селото, каде денес има остатоци на темели, цигли, големи црепови и турски гробови. Зградата од анот била зачувана до 1940-тите години.[4]

Селото повторно потпаднало под власт на теќето за време на балистичката власт во Втората светска војна од 1942 до 1944 година.[4]

Во селото постои споменик на НОБ во чест на загинатите селани во масакрот во Беличица,[3] а во дворот на главната селска црква „Св. Атанасиј“ постојат спомен-бисти на Дано Петрески и Жарко Кузмановски.

Remove ads

Стопанство

Thumb
Поглед на ресторанот „Бакал“ во селото

Атарот на селото не е многу голем и зафаќа простор од 5,7 километри квадратни. На него обработливите површини заземаат површина од 517,3 хектари, на шумите отпаѓаат 8,1 хектар, а на пасиштата само 1,1 хектар.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во него има продавници, угостителски и услужни објекти.[3] Покрај полјоделството, населението се занимава и со овоштарство и сточарство.

Во атарот на селото постојат неколку стопански субјекти во кои се вработени повеќето од жителите на селото. Позначајни стопански субјекти се Земјоделскиот комбинат „Вардар“ и мелницата за преработка на сточна храна „Агро Слога“.

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брвеница живееле 105 жители, сите Македонци.[5]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брвеница имало 962 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

По Балканските војни е забележано со 90 жители.[7]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Брвеница — село во Брвеничка општина (со центар во Жеровјане) во Долнополошкиот срез има 20 куќи со 119 жители, Македонци и Албанци.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Македонци.[9]

Во Брвеница значително се зголемил бројот на населението. Така, во 1961 година селото броело 793 жители, од кои 733 биле Македонци и 58 жители Срби, додека во 1994 година бројот се зголемил дури на 2.700 жители, од кои 2.623 биле Македонци, а 72 жители Срби.[3]

Според пописот од 2002 година, селото имало 2.918 жители, од кои 2.834 Македонци, 68 Срби и 15 останати.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.102 жители, од кои 2.973 Македонци, 1 Албанец, 1 Ром, 37 Срби, 1 Бошњак, 21 останат и 68 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

Брвеница е македонско-српско православно село.[4]

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Македонски родови: Ѓушевци (3 к.), староседелци, имаат по едно иселено семејство во Тетово и Скопје; Анчевци (1 к.), староседелци, гранка на првиот род; Шише (1 к.), староседелци. Тие пред 1912 година кратко побегнале во Тетово, но пак се вратиле. Имаат иселени семејства во Тетово (2 к.) и во Скопје (1 к.); Цветковци (1 к.), доселени се однекаде во турско време. По едно нивно семејство се иселило во Џепчиште и во Ѓорче Петров; Пауновци (5 к.), доселени се од денешното албанско село Лисец, најпрво во Тетово, па во Брвеница. Едно нивно семејство се иселило во Бугарија; Ѓонковци (4 к.), доселени се од селото Милетино, каде имаат роднини. Во Милетино имале стока, но таа им угинала и затоа во втората половина на XIX век отишле во Тетово, а потоа во Брвеница да бидат чифлигари. Нивното подалечно потекло е од Порече, од каде се иселиле 1810-тите; Руфатовци (5 к.), дошле во исто време со Ѓонковци од селото Милетино. Тие се полошки староседелци. Едно нивно семејство отишло во Скопје; Лучковци (3 к.), се сметаат за стари доселеници, доселени се од селото Рогачево, каде биле староседелци. Едно нивно семејство живее во Тетово, а две во Скопје; Рибаровци (2 к.), доселени се од денешното албанско село Синичане, но не знаат кога; Павлевци (3 к.), дошле од денешното албанско село Жеровјане. Го знаат следниот родослов: Веселин (жив, 20 години во 1947 г.)-Михаил-Павле, кој се доселил. Во Жеровјане биле староседелци; Стаматовци (2 к.), дошле од истото село и во исто време како Павлевци. Едно нивно семејство се наоѓа во Доброште; Николовци (1 к.), доселени се во турско време однекаде; Тасевци (1 к.), доселени се од Долна Лешница во 1890-тите, а таму дошле од Порече (од Сушица или Брезница). Од Порече се иселиле во 1810-тите. Роднини се со Кузмановци од Долна Лешница; Поречани или Аризановци (2 к.), доселени се во 1918 година од селото Рамне, Порече; Атанасковци (1 к.), доселени се од селото Туденце по 1918 година, каде биле староседелци; Марковци (1 к.), доселени се од селото Никифорово во 1920 година на купена земја; Николовци (1 к.), потекнуваат од предок домазет доселен од некое полошко село во 1920 година; Симо Богојески (1 к.), доселен од Тетово во 1924 година, подалечно потекло од Северна Албанија (Љума); Ристовци (1 к.), доселени се во 1920-тите од Сараќино, каде се доселиле од селото Брест, Порече кон средината на XIX век; Лазо Петрески (1 к.), доселен во 1928 година од селото Беловиште, каде припаѓал на родот Пејчиновци. Овој род во Беловиште дошол од некое албанско село во Качаничката Клисура. Земјата во Брвеница ја добил од државата; Филиповци (3 к.), доселени се во 1928 година од селото Звечан, Порече. Во Звечан имаат роднини Илиоски. Земјата во Брвеница ја добиле од државата; Пројко Стојкоски (1 к.), доселен во 1928 година на добиена земја од селото Манастирец, Порече; Неделковци (2 к.), доселени се од Тетово на добиена земја, а таму се доселени од селото Драјчиќи кај Средска (Косово) и Митре Јовчески (1 к.), дојден како домазет од Блаце (влегол во родот Анчевци).
    • Родови доселени во 1946/47 г.: Савевци (1 к.) и Војновци (1 к.), доселени се од селото Непроштено; Тодоровци (1 к.), доселени се од селото Жилче; Симоновци (1 к.), доселени се од селото Долно Палчиште; Кузмановци (2 к.), доселени се од селото Волковија, а подалечно потекло имаат од Галате; Серафимовци (1 к.), доселени се од селото Беловиште; Грујевци (1 к.) и Златевци (1 к.), доселени се од селото Радиовце; Спировци (1 к.), доселени се од селото Стенче; Несторовци (1 к.), доселени се од селото Беловиште, каде биле староседелци; Сиљановци (1 к.), доселени се од селото Галичник; Трајковци (1 к.) и Писевци (1 к.), доселени се од селото Лазарополе; Андоновци (1 к.), доселени се од селото Горно Мелничани; Лауревци (2 к.), Анѓелевци (5 к.) и Дупљевци (1 к.), доселени се од селото Луковица. Првите два рода подалечно потекло имаат од Прилепско, а третиот од областа Матија во Албанија.
  • Српски родови: Анѓелковиќи (1 к.), доселени се од Лапово во 1928 година на добиена земја; Глишиќи (3 к.), доселени се од околината на Прокупље на добиена земја; Јаниќи (1 к.), доселени се од селото Коњица кај Мостар на добиена земја; Стефановиќи (1 к.) и Стојановиќи (1 к.), доселени се од селото Божурна кај Прокупље; Миленковиќи (1 к.), дошли на добиена земја во 1931 година.

Помеѓу 1928 и 1931 година во селото се доселиле 38 колонизаторски семејства од Србија, Црна Гора, Херцеговина и Лика. По решение на Аграрната комисија во 1945 година, 27 српски семејства морале да се иселат во Војводина, а нивната земја била доделена на други македонски доселеници.

Иселеништво

Дел од иселените семејства се забележани по родови. Се знае за изумрениот род Стевановци, кои биле староседелци.[4]

Добар дел од населението на Брвеница се наоѓа на привремена работа во странство: Германија, Италија, Англија, САД, Канада, Австралија.

Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Thumb
Влезот во општината

Во XIX век, Брвеница било село во Тетовската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Брвеница, која била една од ретките општини во Македонија која останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од општината Брвеница.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Тетово во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долно Палчиште, во која покрај селото Брвеница, се наоѓале и селата Голема Речица, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Долно Седларце, Јеловјане, Мала Речица, Новаќе, Ново Село и Урвич. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Брвеница, во која влегувале селата Брвеница, Долно Седларце и Фалише.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2033, 2034 и 2035 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.539 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2.560 гласачи.[18]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[19]
  • Тумба — населба од неолитско време.
Цркви[20]
Споменици
  • Споменик на НОБ во селото.
Remove ads

Редовни настани

Во Брвеница постои повеќедецениска традиција во одржувањето на следните настани:

Култура и спорт

Во селото работи ФК Вардар од Брвеница.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads