Цосен

град во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Цосенmap
Remove ads

Цосен (германски: Zossen) е град во округот Телтов-Флеминг, во сојузната покраина Бранденбург, Германија, јужно од Берлин. Цосен е составен од неколку помали општини, кои биле споени заедно во 2003 со цел да го создадат градот.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Цосен во рамките на округот Телтов-Флеминг ...
Remove ads

Географија

Со општинската реформа во 2003, Цосен се состои од неколку окрузи и единици:

  • Глиник
    • Хорстфелде
    • Шинов
    • Вербен
  • Калинхен
  • Некст Нојендорф
  • Нунсдорф
  • Шенајхе
  • Винсдорф
    • Функенмиле
    • Линденбрик
    • Нојхоф
    • Валштат
    • Цеш ам Зе
  • Цосен
    • Дабендорф

Историја

Цосен, како многу места во Бранденбург, бил првично основан како словенска населба. Неговото име потекнува од Зосна што означува бор, кој е воочаено дрво во областа.

Во 1875 била отворена железничката станица Цосен на линијата Берлин - Дрезден и пруската воена железница за артилериското поле во Кумерсдорф-Гут, денес во Ам Мелензе.

Во 1910 градот станал гарнизон за царската германска армија. Во Првата светска војна бил користен за неколку затворенички кампови, меѓу кои и „кампот полумесечина“ (Halbmondlager) за муслиманските борци на Антантата, каде била изградена и првата дрвена џамија во Германија. Од 1939 до 1945, во Винсдорф се наоѓале подземните седишта на германскиот Вермахт и командата на армијата.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads