Цојленрода-Трибес
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Цојленрода-Трибес (германски: Zeulenroda-Triebes) — германски град во округот Грајц, во покраината Тирингија.
Цојленрода-Трибес се наоѓа во јужниот дел на округот Грајц во Тириншките Шкрилни Планини (Thüringer Schiefergebirge), на граница со Саксонија. Најпозната знаменитост во градот е неокласичното градско собрание, изградено во 1827. Цојленрода-Трибес е исто така познат по меѓународната женска велосипедска трка Тирингија.
Remove ads
Историја
Цојленрода бил спомнат во документ најрано во 1325. Селото станало град во 1438. Цојленрода припаѓал на кнежевството Ројс неколку векови. На 16 април 1945, американската војска го зазела Цојленрода без никаков отпор. На 1 јули, Црвената армија го окупирала градот. Во 1949, Цојленрода и Трибес станале дел од Источна Германија. По повторното обединување на Германија во 1990, Слободната Држава Тирингија била повторно основана. Цојленрода се споил со Трибес во 2006. Новото име на градот е Цојленрода-Трибес.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads