Црвена чапја

From Wikipedia, the free encyclopedia

Црвена чапја
Remove ads

Црвената чапја (Ardea purpurea) е птица од семејството чапји. Таа се размножува во Африка, централна и јужна Европа, како и во јужна и источна Азија. Европските популации се миграторни, презимуваат во тропска Африка; посеверните азиски популации исто така се селат појужно во Азија. Таа е редок, но редовен жител северно од териториите каде се размножува.

Кратки факти Црвена чапја, Научна класификација ...
Thumb
Ardea purpurea
Remove ads

Физички опис

По својот надворешен изглед многу наликува на сродната сива чапја, но е помала и со поцрвени тонови.

  • Должина на тело - 80 - 90 см;
  • Распон на крилја - околу 140-145 см;
  • Тежина - 600-1400 g;
  • Полов диморфизам - слабо изразен;
  • Пердуви - преовладуваат сиви и црвеникави тонови;
  • Полетување - со тешки замавнувања и свиен врат.

Биотоп

Се среќава по бреговите на езера и реки, најчесто обраснати со вегетација. Не се среќава во големи планински масиви.

Начин на живеење и исхрана

Се исхранува главно со риба, која дури и ако е значително голема на прв поглед лесно ја проголтува. Исто така јаде и змии, глувци, инсекти, водоземци, јајца, остатоци од мртви животни, крастави и други жаби кои можат да лачат отровен секрет. Како и сивата чапја, кога лови се движи бавно и често го демне пленот, но како што е случај со блиските видови со неа всушност заземаат различни еколошки ниши и нема конкуренција меѓу нив. Сивата чапја ја бара храната во плитки заливи и во откриени води, каде може да се движи слободно.

Кога е исплашена, слично на некои други видови чапји, зазема посебна маскирна положба со исправен нагоре врат и клун. Меѓу трските и останатите растенија застаната во таква положба е многу тешко забележлива. Ја заземаат пред сè малите и во краен случај возрасните птици.

Погледни

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads