Штрковидни

From Wikipedia, the free encyclopedia

Штрковидни
Remove ads

Традиционално, во редот на штрковидните беа вклучени големите, долгоноги птици со големи клунови: штрковите, чапјите, ибисите и лажичарките и сличните на нив. Познати се од доцниот еоцен. Сега, само штрковите спаѓаат во овој ред на штрковидните.

Кратки факти Штрковидни Период: доцен еоцен до денес, Научна класификација ...
Remove ads

Таксономија

Следејќи го развојот на истражувањата во молекуларната биологија при крајот на 20 век, особено методите со ДНК хибридизацијата, се појавија многу нови информации кои сугерираа дека многу птици, иако изгледаат различно, всушност се прилично сродни. Така, радикалната и влијателна Сибли-Алквистова таксономија го зголеми редот на штрковидните додавајќи многу фамилии како: пингвините, морските нуркачи, нуркачите, цевконосните, бекасовите, галебите, пеликановидните, кормораните и соколовидните. Семејството на фламингото е поврзано, а понекогаш е класифицирано како дел од штрковидните.

Сепак, морфолошките докази укажуваат дека традиционалните штрковидни треба да се поделат на две лози, наместо да се прошират, иако некои од нетрадиционалните штрковидни може да се вклучат во тие две лози.

Точното таксономско поставување на северноамериканските мршојадци останува нејасно.[1] Иако двете семејства мршојадци - на Новиот и Стариот Свет, се слични по изглед и имаат слични особини, тие еволуирале од различни предци во различни делови на светот и не се тесно поврзани. По многу дебати, излегува дека американските мршојадци припаѓаат на штрковидните [2] заедно со мршојадците од Стариот Свет [3] или се сместени во посебен, свој ред - на американските мршојадци (Cathartiformes).[4] Северноамериканскиот комитет за класификација ги тргна американските мршојадци од фамилијата на штрковидните и ги смести во „несигурна категорија“ со назнака дека е можно нивно класифицирање во соколовидните.[1]

Некои официјални тела ја усвоија предложената Сибли-Алквистова таксономија речиси целосно, но сепак почест е пристапот на задржување на традиционалната класификација со модифицирање кога ќе има нови докази за тоа. Листата со семејства ја следи поконзервативната практика. Таксономијата на птици последниве години е во постојано менување поради новите откритија и веројатно ќе продолжи да се менува и во иднина.

Remove ads

Погледни

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads