Црвеница
вид почва From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Црвеница[1][2] — вид почва својствена за средоземните карстни предели, т.е. терени изградени од варовник кои примаат значителна количина на врнежи. Црвеницата е таканаречена тешка почва, збиена, со малку хумус. Сепак, црвената почва лесно впива и задржува вода долго време, што им овозможува на растенијата да преживеат на неа дури и за време на сувото, топло и долго средозмено лето. Во стручната литература, црвеницата е позната под италијанското име terra rossa. Овој вид почва се образува со растворање на варовник и доломит и е негов нерастворлив остаток. Се образува на дното на понори, заливи и карстни полиња.
Црвениците во Македонија се распространети на Караџица.[3]
Црвеницата е глинеста, со ронлива структура. Содржината на хумус е околу 1-3%. Содржи железо и алуминиумови оксиди, кои ѝ даваат црвена боја, поради што го добила и своето име. Припаѓа на типично развиените почви. На поголеми надморски височини, се претвора во иловица и подзоли поради зголемувањето на врнежите. Црвеницата е погодна за одгледување винова лоза и овошје (смокви, маслинки итн.).
Remove ads
Поврзано
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads