Карст

геолошка образба From Wikipedia, the free encyclopedia

Карст
Remove ads

Карст — геолошка образба создадена со растворање на еден или повеќе слоеви на карпесто тло, обично карбонатни карпи, како варовникот или доломитот,[1] но и гипс.[2] Од соодветни услови, карстот се образува и кај амотсферски-отпорни карпи како кварцитот.[3]

Thumb
Карстна пропаст и водопади на Плитвичките Езера
Thumb
Карстни возвишенија во Торкал де Антекера, Андалусија, Шпанија.

Бидејќи водата се исцедува под земја, карстните краишта обично немаат реки и езера, или имаат сосем малку. Ваквите предели имаат карактеристични облици како сеноти, вртачи и понорници. Постојат и предели без никакви карактеристични облици, на места каде растворливата карпа има прекривка од материјали како леднички остатоци или пак е заробена од еден или повеќе нерастворливи карпести слоеви. Во некои карстни краишта има иладници пештери, иако присуството на пештери само по себе не е показател за карстен терен.

Remove ads

Хемија

Карстниот релјеф обично се јавува како последица од присуството на благо кисела вода што дејствува врз карпесто тло со мала растворливост како што се варовникот и доломитот. Оваа благо кисела вода почнува да ја абе површината долж пукнатините или одделните плоснати површини на карпестото тло. Со време пукнатините се прошуруваат и карпестото тло продолжува да се раствора. Отворите во карпата се зголемуваат и се создава подземен систем на истек, поради што низ местото сега поминуваат уште поголеми количини вода, забрзувајќи го создавањето на подземни карстни образби.[4]

Механизам на растворање

Јаглеродната киселина што ги предизвикува овие појави се образува во облик на дожд што минува низ атмосферата и од неа собира јаглерод диоксид (CO2), кој се раствора во водата. Кога ќе дојде до тлото, минува низ почвата, што му дава многу повеќе CO2 и создава слаб јаглероднокиселински раствор, кој потоа го раствора калциум карбонатот.

Remove ads

Морфологија

Thumb
Шкрапа во Ден де Крол, Франција

Скарстувањето на пределите може да создаде големи или мали релјефни елементи како на површината, така и под земја. На изложените површини, мали облици се поточиња, шкрапи. Облици од среден размер се вртачите или сенотите (затворени сливови), пропастите, фојбите (вртачи налик на превртена инка), понорниците и извори што избиваат на површина и пак потонуваат. Карстни облици од голем размер шкрапи, карстни полиња и карстните долови. Постарите карстни предели со поразјадено карпестото тло може да имаат карстни кули или стоголики предели. Под земја може да се создадат сложени одливи (како карстни водоносници) и големи пештери и пештерски системи.

Растворениот калциум карбонат во водата на места се нафаќа кајшто водата излегува. Реките што излегуваат од вакви извори имаат туфни тераси сочинето од калцитни слоеви нанесувани со текот на времето. Во пештерите, овие наноси добиваат најразлични облици.

Remove ads

Карстните предели во Македонија

Thumb
Карстни предели на планината Бистра

Крастните предели во Македонија зафаќаат површина од 2.440 или 9,6% од земјата.[5] Највеќе карстни подрачја има во Западна Македонија, Повардарието и дел од Пелагонија, и тоа: Бистра, Јакупица, Галичица, Жеден, Сува Гора, Караџица, Поречкиот слив и почетокот на Црна Река и долината на Радика. Помали карстни делови има во Таорската Клисура, Велешката Котлина, Демир Капија, Кожуф и на други места. Карстот е најслабо застапен во Источна Македонија.

Најголемо карстно поле во државата е Церското Поле со 45 км2. Подземните карстни облици се застапени со пештери и пропасти како Гоновица (Буковик), Слатински Извор (Поречје), Бела Вода (Демир Капија), Алилица (Бистра).

Водотеците што избираат од карстни образби во земјата се изворите како Вруток, Рашче, Студенчица и Вевчанските Извори.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads