Црешневска Река

река во Долното Поречие, помала десна притока на Треска From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Црешневска Река — кратка река во Долно Порече, западна Македонија, помала десна притока на реката Треска. Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 6,8 км, минималната должина 6,1 км.[1]

Кратки факти Црешневска Река, Местоположба ...
Remove ads

Опис

Вкупната должина на водоразделната линија на Црешневска Река изнесува 31,0 км а сливот и зафаќа 21,49 км2 или 1,04% од вкупната површина на сливот на реката Треска. Коефициентот на развиеност ѝ е 1,11; а вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 465 м а просечниот е 68,4.[1]

Течение

Извира во месноста Мелој, на северозападниуте падини на Даутица, на надморска височина од 930 м. Како што се спушта во северен правец, овој водотек, наречен Грешни Дол, се среќава со потоците Митров Дол и Рудни Дол, па завртува на северозапад, одминувајќи го с. Црешнево, по кое е наречена. Делот кој следува има два правоаголни свијока, каде водотекот се нарекува Бушничка Река и под нормален агол прави спој со потокот Извор од десната страна, па продолжува во западен правец како Црешневска Река. Следните два километра ги поминува под возвишениот предел Добра Нивица.

Се влева во Треска источно од селото Калуѓерец, во проширувањето на долината под падината Девојчин Камен на исток. Утоката е на надморска висина од 465 м, и тоа на 59,7 км спротиводно од вливот На Треска во Вардар.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads