Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Долно Мелничани
црква во селото Долно Мелничани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Воведение на Пресвета Богородица (позната како Света Пречиста) — главна селска црква во дебарското село Долно Мелничани, Македонија.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа на сретсело, сместена непосредно до регионалниот пат 2249, кој поминува низ селото Долно Мелничани.
Во црковниот двор се наоѓаат селските гробишта.
Историја
Црквата е изградена во XIX век.[2]
Храмот е изграден во 1884 година од мајсторот Павле од струшкото село Луково. Организатор на изградбата бил Ристе Поте од Долно Мелничани.[3]
Кражби
Во јануари 2013 година во црквата била извршена тешка кражба каде биле украдени седум вредни икони, меѓу нив и голема икона на Света Богородица од иконостасот, потоа две целивни икони, како и царевите двери, сите од XIX век и дело на Дичо Зограф.[4]
Remove ads
Архитектура
Фрескоживопис
Фреските и иконостасот ги изработил Исо Џиков од дебарското село Осој, а осветувањето е извршено во 1885 година.[3]
Иконостас
Во црквата се наоѓаат дела од јеромонахот Иоаноич Антониј, кои потекнуваат од 1816 година.[5]
Галерија
- Селските гробишта
- Помошен објект
- Помошни објекти
- Главниот влез
- Ниша над главниот влез
- Припратата
- Споредниот влез
- Ниша над споредниот влез
- Апсидата
- Камбанаријата
- Црквата со камбанаријата
- Црквата со споменикот на НОБ пред нејзе
- Селските гробишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads