Општина Центар Жупа
општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Центар Жупа — општина во Западна Македонија. Центар на општината е селото Центар Жупа. Општината се наоѓа во дебарскиот регион и опфаќа 23 села, од кои некои се сосема раселени.
Remove ads
Географија
Општината се наоѓа во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. Општината се наоѓа во Дебарскиот регион и има вкупна површина од 107,21 км2. На север, исток и запад општината граничи со општината Дебар, а на југ со Струга. Во општината се наоѓа планината Стогово и Дебарското Езеро.
Стопанство
Главен стопански објект во општината е ХЕЦ „Шпилје“. Населението воглавно се занимава со трговија, сточарство, земјоделство и шумарство. Сепак, добар дел од населението е иселено во странство и приходите кои се испраќаат од иселениците се значајни за економијата на населението.
Демографија


Според пописот на население од 2002 година, општината има вкупно население од 6.519 жители со густина на население од 60,81 жител на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот:[2][3]
Народност | Број | Постоток |
Македонци* | 814 | 12,49 % |
Турци* | 5.226 | 80,17% |
Албанци* | 454 | 6,96% |
останати | 25 | 0,38% |
Вероисповед | Вкупно |
православни | 20 |
муслимани | 6.215 |
католици | 4 |
протестанти | 0 |
останати | 60 |
- * Во општината има значаен број Македонци-муслимани кои се изјасниле како Турци, а мал дел и како Албанци, поради различни политичко-религиски причини.
Јазик | Вкупно |
македонски | 953 |
албански | 439 |
турски | 4.880 |
ромски | 0 |
влашки | 1 |
српски | 0 |
бошњачки | 0 |
останати | 25 |
Иселеништво
Добар дел од населението е иселено во странски држави. Најголем број од иселените се во Италија, но и во другите европски држави.
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Центар Жупа е Аријан Ибраим од редовите на ДПТ. Тој бил реизбран на локалните избори од 2017 година за втор мандат од четири години.[4] Советот на општина Центар Жупа е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

ДПТ: 4 места
СДСМ: 3 места
ВМРО-ДПМНЕ: 2 места
ДНЕТ: 1 место
ДУИ: 1 место
Во склоп на општина Центар Жупа се следниве села: Бајрамовци, Баланци, Брештани, Броштица, Власиќи, Голем Папрадник, Горно Мелничани, Горенци, Долгаш, Долно Мелничани, Евла, Елевци, Житинени, Кочишта, Коџаџик, Мал Папрадник, Новак, Осолница, Оџовци, Пареши, Праленик, Центар Жупа и Црно Боци.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- -Музеј, Меморијален центар на таткото на Мустафа Кемал Ататурк(Али Риза Ефенди) во село Коџаџик
- -Летниковци и одморалишта покрај Дебарското езеро во пресек на селата Мал и Голем Папрадик Архивирано на 10 август 2022 г.
- Археолошки наоѓалишта[5]
- Црков - средновековна црква и некропола;
- Варварица - средновековна црква;
- Влаи - средновековна населба и некропола;
- Машатлак - средновековна некропола;
- Долно Поличе - населба од доцноантичко време;
- Поличе - средновековна црква и некропола;
- Стара Куќа - средновековна населба;
- Црквиште - средновековна црква и некропола;
- Вапавска Краста - доцноантилка населба;
- Вапчица - средновековна некропола;
- Св. Петка - средновековна црква;
- Црквичка - средновековна црква и некропола;
Remove ads
Општествени установи
- Цркви
- Црква „Св. Димитриј“ - единствена преостаната црква од трите историски во селото. Потекнува од 1868 година.
- Црква „Свети врачи Кузман и Дамјан" - селска црква од 19 век;[6]
- Црква „Св. Варвара“ - Горенци - селска црква од 19 век
- Црква „Воведение на Пресвета Богородица" (Св. Пречиста) - селска црква од 19 век;[6]
- Манастир - средновековна населба, црква и некропола;
- Црков - средновековна некропола;
- Чифлик - доцноантичка и средновековна населба;
- Основното училиште во Центар Жупа
- Основното училиште во Центар Жупа
- Средното училиште во Центар Жупа
- Зградата на Здравствениот дом во Центар Жупа
- Поштата во Центар Жупа
Remove ads
Личности
- Андон Maнчевски (1929-2004) — македонски невропсихијатар, доајен на македонската пcихијатрија. Основоположник на екстрахоспиталната дејост во Македонија.
- Вељо Манчевски (1905-1962) — партизан и деец на НОВМ
- Али Риза Ефенди — татко на големиот реформатор Мустафа Кемал Ататурк.
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads