Црква „Вознесение Христово“ - Добрушево

црква во селото Добрушево From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Вознесение Христово“ - Добрушевоmap
Remove ads

Вознесение Христово или Свети Спас — главна селска црква во селото Добрушево.[1] Црквата е сместена во северниот дел од селото.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Црквата била изградена во 1860 година. Во текот на Првата светска војна била до темел срушена, по што одново била изградена на старите темели во 1924 година. Повторно била обновена во 1960-тите, а потоа и во 1990-тите со добротворни прилози на иселеници од селото.[2]

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна и осумаголна купола. Влезот е сместен на западната страна, а црквата има спореден влез на јужната страна. Куполата е изградена од лим и на секоја страна има по една монофора.

Дворот на црквата е ограден со ограда од камени блокови и во него се сместени камбанаријата, помошен објект, капела и селските гробишта. Камбанаријата се состои од три дела, од кои долните два имаат квадратна основа, додека најгорниот е со осумаголна основа и на секоја од осумте страни има по една монофора.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads