Добрушево

село во Општина Могила From Wikipedia, the free encyclopedia

Добрушевоmap
Remove ads

Добрушево — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола. До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, а служи како главно село за останатите села во околината.

За истоимената поранешна општина, видете Општина Добрушево.
Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Според легендата, името на селото се поврзува со тоа што прв во месноста се населил некојси Добруш. По него, подоцна било именувано селото.[2]

Географија и местоположба

Thumb
Панорама на селото

Селото се наоѓа во Пелагонија, во североисточниот дел на Битолското Поле, во средишниот дел на територијата на Општина Могила, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Прилеп. Сместено е на левиот брег на Црна Река.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 594 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 27 километри.[3]

Добрушево претставува познато село во овој дел од Пелагонија. Се наоѓа на раскрсница на патишта и околу него има плодно земјиште. Поради тоа, селото е богато и развиено.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Карабатица, Метлишта, Слогој, Трска, Ливади, Стара Река, Големи Ливади, Капина, Ќосеница, Коритишта, Брегои, Калчуница, Рупка, Плоча, Прогон, Мртвица, Вирои и Црна Река.[4]

Селото има збиен тип. Одредени делови на селото имаат имиња по главните родови, како Бубреговско, Лисковско или Пупевско Маало.[4]

Remove ads

Историја

Четири места околу селото се нарекуваат Тумба, каде биле наоѓани вар, плочи и гробишта.[4]

Денешното село не е старо. Најпрвин се населиле членовите на денешниот род Дурашовци. Подоцна се населиле и останатите родови.[4]

Во XIX век, селото било дел од Битолската каза, нахија Пелагонија, во Отоманското Царство.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство

Thumb
Бензинска пумпа на претпријатието „Макпетрол“ во селото

Атарот зафаќа простор од 16,5 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.475 хектари, на шумите отпаѓаат 39,7 хектари, а на пасиштата 38,6 хектари. Селото има полјоделска функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает и имало 150 христијански семејства и 8 неженети христијани.[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Добрушево живееле 590 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Добрушево имало 384 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Добрушево се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 67 куќи.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[10]

Добрушево е големо село, но со намалување на бројот на жители. Во 1961 година селото броело 1.183 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 646 жители, македонско население.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Добрушево живееле 624 жители, сите Македонци.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 521 жител, од кои 459 Македонци, 2 Албанци, 1 Влав, 25 останати и 34 лица без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Родови

Добрушево е македонско село.[4]

Родови во селото се: Дурашовци (8 к.), најстар род во селото; Тушевци (10 к.) и Чурлиновци (4 к.), порано биле еден род, доселени се однекаде; Лисковци (17 к.), доселени се од Лисолај; Бубреговци (9 к.), доселени се од Канатларци; Пајчевци (7 к.), доселени се од мариовското село Старавина; Русевци (2 к.), доселени се од Мусинци; Поповци (4 к.), доселени се од селото Чагор. Го знаат следното родословие: Мирче (жив на 81 г. во 1950-тите) Тале-Јосиф-Кочо-Поп Илија, основачот на родот кој се доселил; Грдановци (6 к.), доселени се од селото Грдилово, кое сега не постои; Пупевци (9 к.) и Гудевци (4 к.), порано биле еден род, доселени се од Алинци; Бончевци (4 к.), доселени се од Бонче; Нечковци (3 к.), доселени се пред 1912 година од Алинци; Ношпалци (2 к.), доселени се пред 1912 година од Ношпал; Параловци (1 к.), доселени се од Паралово кога и претходните два рода; Овчаровци (3 к.), доселени се 1912 година од Ношпал; Бабајковци (1 к.), доселени се од Бонче, во Бонче имаат истоимени роднини; Ризановци (1 к.), доселени се од Ношпал после 1918 година; Чарлинци (2 к.), доселени се од Горна Чарлија после 1918 година и Кискаровци (2 к.), Маргулевци (9 к.), Смилевци (10 к.) и Димитровци (7 к.), доселени се однекаде.

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Централното основно училиште во селото Добрушево

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било седиште на некогашната рурална општина Добрушево.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која селото Добрушево, се наоѓале и селата Алинци, Арматуш, Будаково, Горно Чарлија, Далбеговци, Дедебалци, Долна Чарлија, Мусинци, Ношпал, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било дел од истоимената општина, во која влегувале селата Горна Чарлија, Долна Чарлија, Добрушево, Мусинци и Ношпал.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0219 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 489 гласачи.[18] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 480 гласачи.[19]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Поглед на селската црква „Вознесение Христово“
Археолошки наоѓалишта[20]
Цркви[21]

Редовни настани

Слави[2]
  • Спасовден — селска слава; и
  • Ревија на пејачи-аматери — настан на Денот на трудот, кој има богата традиција и се одржува од 1980 година.

Личности

Родени во Добрушево

Култура и спорт

Фудбалски клуб „Добрушево“, кој се натпреварува во општинската лига. Клубот бил основан во 1948 година.

Иселеништво

Се знае за следниве иселеници: Кековци (6 к.) и Буклевци (4 к.), живеат во Могила; Мијовци (2 к.), живеат во Долно Агларци; Чурлиновци (4 к.) и Секуловци (1 к.), кои живеат во Дедебалци; Аспровци (3 к.) и Измировци (2 к.), живеат во Алинци; Ќеменовци (5 к.), живеат во Свето Тодори; Мустревци (4 к.), живеат во Мало Рувци; Мустревци (3 к.), живеат во Чумово; Перосановци (4 к.), живеат во Жабени; Чаловци (4 к.), живеат во Трн; Добрушевци (2 к.), живеат во Црнобуки; Јадилебовци (3 к.), живеат во Логоварди; Аспровци (1 к.), живеат во Мојно; Смилевци (7 к.), живеат во Вашарејца; Грујовци (1 к.), живеат во Мусинци; Мурговци (5 к.), живеат во Путурус и Чурлиновци (3 к.), живеат во Ношпал.[4]

Во поново време, иселувањето се кон градовите Битола и Скопје, но и во прекуокеанските земји и Европа.[2]

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads