Црква „Вознесение Христово“ - Ново Село (Штип)

црква во штипската населба Ново Село, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Вознесение Христово“ - Ново Село (Штип)map
Remove ads

Вознесение Христово (или Св. Спас) — средновековна православна црква во штипската приградска населба Ново Село. Му припаѓа на Штипското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1][2]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата се наоѓа на левата страна на реката Отиња, во источниот дел на Ново Село, на 1 км од средиштето на Штип кој се наоѓа на исток.

Remove ads

Особености

Претставува еднокорабен храм за кој се смета дека е подигнат од војводата Димитрија во 1369 година. Првобитниот живопис на црквата не е зачуван. Според грчкиот натпис, таа одново е насликана во 1601 г. од зографот Јован[3] во стил на Линотопската школа.[4] Ова второ живописување траело од 13 мај до 6 јули 1601 г., а во ктиторскиот натпис се споменати епископот Руфим, свештеникот Дојко и ктиторот Павле Мутавџија.[5][6]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads