Црква „Вознесение Христово“ - Свето Митрани
црква во Свето Митрани, Крушевско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Воезнесение Христово (позната и како Свети Спас) — црква во крушевското село Свето Митрани, претставник на Македонската преродба.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата е сместена во средиштето на селото.[2]
Историја
Изградена е врз темелите на постара црква (веројатно „Св. Марина“) и осветена во 1856 година од митрополитот Венедикт Византиски.[3] Под името Света Марина е спомената и при истражувањата на Јован Трифуноски во 1952 година.[2]
Архитектура
Претставува еднокорабна градба со полукружна апсида на источната страна, поделена на пет слепи ниши.[3]
Фрескоживопис
Живописана е во XIX век од непознат зограф, а сигнатурите на фреските се на грчки поради тогашното врховенство на Цариградската патријаршија во селото.[3]
Галерија
- Апсидата
 - Камбанаријата
 - Црковни порти
 - Стари гробови
 - Помошниот објект
 
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads



