Црква „Вознесение Христово“ - Умлена
црква во селото Умлена From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вознесение Христово, позната и како Свети Спас — главна селска црква во малешевското село Умлена. Црквата е сместена во средишниот дел на селото.
Remove ads
Историја
Црквата била изградена во 1904 година. Во мај 2004 година е одржана литургија по повод 100 години од изградбата на црквата, на која чиноначалствувал Митрополитот Струмички г. Наум.[1]
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа. Во целост е обоена во бела боја и е покриена со ќерамиди. Камбанаријата е прилепена со западната страна од црквата. Таа има квадратна основа, целата е обоена во бела боја и е покриена со пирамидален кров на чиј врв има крст. На секоја од страните во нејзиниот горен дел има монофора. Во дворот на црквата има пространи трпезарии, кои го зафаќаат речиси целиот простор на западниот, јужниот и источниот дел од дворот.
Remove ads
Сребрен крст
Во црквата се чува доста вреден сребрен крст пронајден во населбата Тодоричево, сместена околу 2 км источно од селото Умлена. Крстот е во двојна изработка, а на платформата има изгравирано писмо на грчки јазик.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads