Умлена
село во Општина Пехчево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Умлена — село во Општина Пехчево, во областа Малешевија, во околината на градот Пехчево.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Малешевија, во западниот дел на територијата на Општина Пехчево, од десната страна на реката Брегалница.[2] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 880 до 920 метри.[2]
Атарот зафаќа простор од 16,6 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 713 хектари, на пасиштата отпаѓаат 438 хектари, а на шумите 435 хектари.[2]
Remove ads
Историја
Во XIX век, Умлена било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 1 жител на оваа населба е заведен како жртвa во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Умлена имало 500 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Умлена имало 600 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[6]
Умлена е средно село по големина, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 643 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 391 жител.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Умлена живееле 354 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 209 жители, од кои 198 Македонци, 2 останати и 9 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Remove ads
Општествени установи

- Основно училиште „Ванчо Китанов“ до V одделение[13], подрачно училиште на ОУ „Ванчо Китанов“ - Пехчево
- Амбуланта
- Дом на културата
- Месна заедница
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Робово, во која влегувале селата Мачево, Робово и Умлена.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Умлена се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Негрево, Робово, Црник и Чифлик.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0023 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 231 гласач.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 215 гласачи.[16]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[17]
- Грамадна — населба од доцноантичко време; и
- Могила — населба од доцноантичко време.
- Цркви[18]
- Црква „Вознесение Христово“ — главна селска црква, изградена на почетокот на XX век
- Споменици на НОБ
- Биста на Јован Ј. Каракашов
Сребрен крст
Во населбата Тодоричево, што се наоѓа источно од селото Умлена, на далечина од два километра е пронајден доста вреден сребрен крст. Крстот е во двојна изработка, а на платформата има изгравирано писмо на грчки јазик. Овој крст грижливо се чува во селската црква „Свети Спас“ во Умлена.
Remove ads
Редовни настани
- Илинден (2 август) — селска слава, прославата се изведува во дворот на црквата „Свети Спас“; се собираат на курбан жителите на селото Умлена, оние кои живеат во селото, но и оние кои се иселиле од него и живеат во поголемите градови или во странство; и
- Велигден — во селото се одржува меморијален турнир за фудбал наречен „Златива“, во чест на прерано загинатите Златко В. и Иванка Т., загинати во сообраќајна несреќа на Велигден во 1999 година.
Remove ads
Личности
- Родени во Умлена
- Ефтим Таковски — режисер, раскажувач и публицист
Галерија
- Куќи во селото
- Поглед на селото
- Биста на Јован Каракашов
- Улица во селото
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads