Црква „Покров на Пресвета Богородица“ - Воден
црква во Воден, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Покров на Пресвета Богородица“ (грчки: Άγιας Σκέπης) — православна соборна црква во градот Воден, Егејска Македонија. Храмот е катедрала на Воденско-постолско-мегленската епархија на Вселенската патријаршија (под управа на Грчката православна црква).
Црквата е сместена во центарот на стариот дел на градот, наречен Варош. Првично се нарекувала „Св. Врач“ („Св. Врачи“, „Св. Бессребреници“, Αγίων Αναργύρων). По наметнувањето на Бугарската егзархија во 1870 г. храмот станал катедрала на Воденската бугарска епархија.[1] Црквата прешла под егзархијата на празникот Св. Константин и Елена во 1872 г. и почнал со богослужба на бугарски. На неколку наврати храмот преоѓал од бугарски во грчки раце и обратно, за на крај да остане под Бугарската егзархија.[2]
Во 1935 г. црквата изгорела во пожар и на нејзино место е изграден сегашниот храм, преименуван како „Покров на Пресвета Богородица“.[3] Веќе во ова време таа била под Цариградската патријаршија.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads