Црква „Пресвета Богородица“ - Пешталево
црква во селото Пешталево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пресвета Богородица – главна и единствена селска црква во селото Пешталево.[1] Сместена е во крајниот северозападен дел од селото.
Remove ads
Историја
Црквата била изградена во 1965 година.[2]
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот во целост е варосан и е покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата има две камбанарии, два помошни објекти, а во него се сместени и христијанските селски гробишта. Првата камбанарија е прилепена до западната страна на црквата и се издига над просторот пред главниот влез. Таа има квадратна основа и се состои од три дела. На целиот простор од западната страна на средниот дел има фреска на којашто е претставена Богородица со Исус. На секоја страна од горниот дел на камбанаријата има по една монофора. Покриена е со пирамидален кров од ќерамиди над кој има метален крст на кој е испишано името на црквата. Втората камбанарија е одделна и се наоѓа непосредно до помалиот помошен објект. Таа е со квадратна основа и се состои од два дела. Во долниот дел од западната страна се наоѓа влезната врата, а горниот дел е отворен од сите четири страни. Покриена е со пирамидален лимен кров.
Remove ads
Галерија
- Влезната порта од дворот на црквата
- Главниот влез на црквата
- Споредниот влез
- Апсидата
- Јужната и источната страна
- Западната страна со прилепената камбанарија
- Одделната камбанарија
- Помалиот помошен објект
- Поголемиот помошен објект
- Влезот во поголемиот помошен објект
- Христијанските селски гробишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads