Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бач
црква во селото Бач From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рождество на Пресвета Богородица – главна селска црква во селото Бач.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото.
Историја
Црквата е изградена во XIX век, а била обновена од егзархистите и осветена на 21 септември 1912 година, односно на празникот Рождество на Пресвета Богородица којшто е и селска слава. Во текот на Првата светска војна, црквата била разрушена, а повторно била обновена во 1921 година.[2]
Архитектура
Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна до којашто е доградена отворена припрата, а над неа се издига и камбанаријата којашто е прилепена до објектот на храмот. Црквата има и спореден влез на јужната страна до којшто е доградена мала камена припрата над чијшто влез има фреска на којашто е претставена Богородица со Исус. Храмот има женски оддел којшто е во облик на балкон.[2]
Познато е дека црквата била зографисана во 1886 година од страна на Коста Анастасов од Крушево, а за тоа сведочи и натписот на црковнословенски којшто гласи:
„ | Сей храмъ Прест Богородица нво вем она се образис г. г. Архіепіск. к иереа. Иліа. ктитор. и приложніцъ г. 1886. из рукь Коста. Анасташіовикъ зуграфа ѿ слафно Крушово мсцъ. 4.[3] | “ |
Внатрешноста денес е без фрески, но со икони на апостоли и светци. Во главниот дел на црквата висат метални кандилници и лустери коишто потекнуваат пред обновувањето.[2]
Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него има помошен објект, базен за верски обреди и гробови на српски војници.
Галерија
- Поглед на црквата
- Влезната порта од дворот на црквата
- Припратата
- Главниот влез
- Споредниот влез
- Јужната страна
- Камбанаријата
- Апсидата
- Помошниот објект
- Базенот за верски обреди
- Гробови на српски војници
- Дворот на црквата
- Дворот на црквата во периодот 1916-1918 година
- Црквата во периодот 1918-1941 година
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads