Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бучин
црква во селото Бучин, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во крушевското село Бучин, Македонија.[1][2]
Црквата се наоѓа на самото сретсело, во непосредна близина на основното училиште. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Remove ads
Местоположба
Историја
Црквата е подигната кон крајот на XIX век.[3]
Архитектура
Црквата поседува живопис и иконостас, на кои во 1876 година имаат работено крушевските мајстори Анастас Зограф и Никола Михајлов.[4]
Фрескоживопис
Никола Михајлов има работено на ѕидното сликарство на претставите Раѓање на Богородица (во патронската ниша на западната фасада) и на Исус Христос (над јужниот влез). Според теренските истражувања на Ј. Тричковска, доминантното учество на Никола во оваа црква е во живописувањето на олтарскиот простор, каде што во конхата на жртвеникот е реализирано мошне невообичаено решение со сместувањето на Тајната вечера покрај Погребението Христово. Во останатиот дел од храмот, рамноправно учествувал и неговиот соработник, што може да се заклучи од натписот сочуван над влезната врата.[5]
Галерија
- Апсидата
- Голем питос во селскиот двор
- Селските гробишта
- Поглед на црквата
- Селските гробишта
- Поглед на црквата
- Камбанаријата
- Помошниот објект
- Споредниот влез
- Ниша со фреска над влезот
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads