Анастас Зограф

крушевски зограф From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Анастас (Атанас) Христов Зограф или Анастас Ангелевич (fl.1826–1888) — истакнат македонски зограф и иконописец од Крушево.[1][2]

Кратки факти Анастас Зограф, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Роден е во градот Крушево. Работел заедно со синовите Коста, Вангел и Никола до 1870 г.[1] Прво негово дело се иконите во „Св. Богородица“ во Бела Црква кои ги изработил во 1826 г.[1][2]

Thumb
Фрески од Ошинскиот манастир
Thumb
„Свети Наум“, црква „Св. Кирил и Методиј“, Тетово, ок. 1853 г. Припишана на Анастас Зограф од Крушево. Големина: 25,5 × 20 × 2 см

Во 1839 г. бил спомагач на делото „Службата на Евреите и сите нивни злодела“ (Служенїе еврейско и все злотворенїе нихнѡ), преведено на народен јазик од Натанаил Кучевишки.[3] На една икона на Свети Мина во црквата „Св. Мина“ во Гарниково, Кавадаречко, во долниот дел има натпис: „Анастасија иконописател от село Крушево в лета 1840“.[4] Во 1842 г. заедно со Наум ги насликал фреските во црквата „Св. Никола“ во Ошин, Мегленско.[5]

Thumb
Ктиторскиот натпис во Ошинскиот манастир со името на митрополитот Калиник Мегленски и Анастас Зограф, 1888 г.

Во 1868 г. насликал дел од иконите за црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Крушево. На иконата на Свети Илија оставил натпис: „Сіѧ стаѧ икона пророка Иліа приложиѧ еснафъ кюркъцискыи, на новиїо храмъ Успеніе Богородицы въ Мало миѧчкѡ, приложи ѧ за душевно егѡ спасеніе въ вѣчно споминаніе и срукю Атанасъ съ сынови егѡ ѿ Крушево 1868 иуніѧ 19.[2] Натгписот на „Собор Апостолски“ гласи: „Сіѧ стаѧ икона дванадѣсетъ апостолы приложиа еснафъ дулћерскы масторы міѧцы проложиа въ храмъ престыѧ Богородицы за душевно егѡ спасеніе ивоъ вѣчнѡ споменаніе исруки Анастасови иконописателъ м. іуниѧ 20 1870.[2] Во женската црква е иконата на Воведение Богородично, која е потпишана „Исъ рукі Анастасови 3: 1868.[2]

Во 1876 г. работел со Никола Михајлов на живописувањето и иконостасот во црквата „Рождество на пресв. Богородица“ во Бучин, Крушевско.[6]

Во 1888 г. Анастас со синовите Вангел и Никола ја насликал црквата на Ошинскиот манастир „Свети Архангел Михаил“.[7][8]

Негова недатирана икона има во манастирската црква „Св. Архангели“ во прилепски Варош. Натписот гласи „Иконописателъ Атанасъ ѿ село Крушево.[2] Негови се и иконите ви „Успение на пресв. Богородица“ во Злетово, Пробиштипско,[9] во „Св. Троица“ во Горно Трогерци, Штипско[10] и во „Успение на пресв. Богородица“ во Немањици, Светиниколско.[11]

Remove ads

Фрески од „Св. Димитрија“ во Тушин

Родословие

 
 
 
 
 
Анастас Зограф
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Коста Анастасов
 
Вангел Анастасов
 
Никола Анастасов
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Наќе Вангелов
 
 
 
 
 
 
 

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads