Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Новаци

манастирска црква на Новачкиот манастир From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Новациmap
Remove ads

Рождество на Пресвета Богородица – манастирска црква на Новачкиот манастир.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Црквата била изградена во 2006 година.[2] Осветувањето на храмот било извршено на 13 јуни 2009 година, на празникот Педесетница, од страна на Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар во сослужение со Епископот Хераклејски г. Климент, а на настанот присуствувал и говор одржал македонскиот премиер Никола Груевски.[3]

Архитектура

Градбата на црквата е трикорабна и претставува крстокуполен храм со осум куполи.[2] Над средишниот дел од храмот се издигаат една голема и четири помали цилиндрични куполи, а секоја од нив има по осум монофори и е покриена со бакарна плоча. Црквата има и три странични куполи на западната, јужната и северната страна коишто исто така се покриени со бакарни плочи. Влезот се наоѓа на западната страна и над него има ниша со полукружен мозаик на којшто е претстсавена Богородица со Исус. На источната страна на црквата има полукружна апсида. Внатрешноста на црквата е зографисана, а мермерниот иконостас содржи икони само на ѓаконските порти и дрвените царски двери. На дел од мермерниот под во внатрешноста на црквата е насликана Ѕвездата од Кутлеш.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads