Црква „Св. Атанасиј“ - Новаци

црква во селото Новаци From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Атанасиј“ - Новациmap
Remove ads

Свети Атанасиј – главна селска црква во селото Новаци.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа во западниот дел од селото, во непосредна близина на основното училиште.

Историја

Црквата била изградена во 1868 година.[2]

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е претставен Свети Атанасиј. На западната страна има отворена припрата, а западниот ѕид од надворешната страна околу главниот влез во целост е живописан. Црквата има и спореден влез на јужната страна. Камбанаријата се издига над северозападниот агол од црквата и во нејзиниот горен дел има по еден правоаголен прозорец на секоја страна. Објектот е обоен во бела боја со ниско црно цокле и е покриен со кров од ќерамиди.

Во дворот на црквата има трпезарија, помошни објекти, базен за верски обреди и гроб.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads