Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Црничани

црква во селото Црничани From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Црничаниmap
Remove ads

Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Црничани.[1] Црквата е сместена во крајниот јужен дел од селото, на возвишение кое ѝ дава доминантна местоположба во однос на остатокот од селото.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна и над него има ниша со фреска на која се прикажани Богородица Марија и Исус Христос. Објектот е изграден е од камен и е покриен со кров од ќерамиди.

Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига во продолжение на помошниот објект. Нејзиниот влез се наоѓа на јужната страна, а на секоја страна во горниот дел има по една монофора. Камбанаријата и помошниот објект, слично како и црквата, се изградени од камен.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads