Црква „Св. Ѓорѓија“ - Овчарани
црква во Овчарани, Леринско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓија (грчки: Aγίου Γεωργίου) — црква во селото Овчарани, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Црквата се наоѓа на 2 км северно од селото, близу патот за Крушоради. Во подрумот на денешниот храм се откриени урнатините на средновековна црква, наречена Бела Црква.
Според преданието, остатоците се откриени откако една селанка ги видела на сон и му кажала на свештеникот Георгиос Папуљас каде да копа. Овој храм е од крстовиден тип со надворешен крст и внатрешни димензии на средишната просторија од 2,70 × 2,60 м. Краците имаат нееднакви димензии — јужниот има 1,15, северниот 0,90 - 1,05, а западниот 0,80 м. Апсидата на олтарот е доста оштетена.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads