Лерин

град во Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Леринmap
Remove ads

Лерин (грчки: Φλώρινα, Флорина) — град во Леринскиот округ и негово седиште, северозападна Егејска Македонија, денес во Грција. Претставува седиште на истоимената општина и има население од 17.907 жители.

Кратки факти Лерин Φλώρινα, Земја ...
Remove ads

Географија

Градот лежи во областа Пелагонија, недалеку од границата со Р Македонија. Сместен во устието на длабоката долина на реката Сакулева во југозападниот раб на Пелагонија во Леринското Поле, во подножјето на планините Баба и Нередска, на надморска височина од 680 метри. Оддалечен е 32 километри северно од Битола, а 18 километри од Македонија преку македонско-грчкиот граничен премин Меџитлија. Лерин е поврзан со железничка пруга со Битола и Солун. На 52 километри јужно се наоѓа Кајлари, на 69 километри југозападно е Костур, а на 81 километар е Кожани. На исток се поврзува со Воден, од кој е оддалечен 76 километри. Соборна црква на градот е „Св. Пантелејмон“ крај градската река.

Remove ads

Историја

Во Османлиското Царство

Thumb
Црква во 1910 г. под јурисдикција на Бугарската егзархија.
Thumb
Панорама на градот Лерин. 1898-1912. Фотографија на браќа Манаки (скршена плоча)

Како град и област со доминантно македонско население, Лерин во историјата дал голем број на македонски борци, револуционери и херои. Во времето на Отоманското Царство, во Лерин и Леринско крстосувале повеќе македонски чети кои биле организирани од познатиот револуционер поп Коста од леринското село Буф.

Во Грција

Врз основа на леринскиот говор во 1925 година грчката влада под притисок на лигата на народите ќе го изработи Букварот (Абецедарот) за учениците Македонци, кој по запалувањето на возот со кој бил транспортиран беше повторно издаден и промовиран во Солун и Атина во 2006 година. Лерин и Леринско ќе дадат и голем број на партизани и борци во ДАГ за време на втората светска војна (1941 - 1945) и граѓанската војна во Грција (1945 - 1949), поради што македонското население ќе доживее невиден терор, убиства, мачења и протерувања од своите огништа од страна на грчките власти. Најкрвав настан ќе биде убиството со обезглавување на повеќе млади Македонци и Македонки, од страна на грчките монархофашистички сили и англиските војници, среде бел ден во центарот на Лерин. Денес е актуелна состојбата со земјиштето на кое се наоѓа масовна гробница со тела на Македонци и Грци - борци на Демократската Армија на Грција кои загинале во Битката за Лерин.

Remove ads

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лерин живееле 9.824 жители, од кои 5.000 Турци, 2.820 Македонци, 1.600 Роми, 300 Албанци (200 муслимани и 100 христијани), 84 Власи и 20 Евреи.[2][3]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лерин имало 4.344 Македонци (800 под врховенството на Бугарската егзархија и 3.544 патријаршисти), 120 Роми, 72 Власи и 30 Албанци. Во градот имало три бугарски училишта - две основни и едно прогимназиско и четири грчки - три основни и едно прогимназиско.[4]

Според пописот од 1920 година во Лерин имало 2.909 семејства - 12.513 жители. По 1923 година муслиманското население (1.076 семејства или 4.650 жители) се иселува во Турција, а на нивно место се населени 184 семејства - 79 од Источна Тракија, 54 од Мала Азија, 44 од Кавказ и 7 од Понт. Две години подоцна бројот на новодојдените жители бил 178 семејства или 750 жители.[5]

Во 1928 година имало 10.585 жители, од кои 1.999 биле грчки доселеници од размената на населението помеѓу Грција и Турција.

Според пописот од 2011 година, во Лерин живееле 17.686 жители, од кои се смета дека повеќе од половината се Македонци.[6]

Политика

Во Лерин се наоѓа седиштето на партијата на Македонците во Грција - Виножито.

Thumb
Реката Сакулева и црквата „Св. Пантелејмон“.

Знаменитости

Верски објекти

Цркви
Манастири

Кули

  • Мала кула — кула од XIX век, прогласена за споменик на културата
  • Голема кула — кула од XIX век, срушена во 1930 г.

Луѓе

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads