Црква „Св. Ѓорѓи“ - Безиково
црква во селото Безиково From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи – црква во селото Безиково. Сместена е на врвот Дабјето (1.001 м) во маалото Стоевци.
Remove ads
Историја
Од натписот во малтер пред влезот на црквата се забележува дека црквата била изградена или осветена на 13 август 2012 година.
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа со четириаголна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна на којашто има припрата. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.
Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени камбанаријата, летниковци и трпезарија. Камбанаријата има примитивен изглед и претставува дрвен столб покриен со кровна конструкција.
Remove ads
Галерија
- Влезната порта од дворот на црквата
- Дворот на црквата
- Поглед на црквата
- Влезот на црквата
- Апсидата
- Натписот пред влезот
- Камбанаријата
- Летниковците
- Трпезаријата
Поврзано
Надворешни врски
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Безиково на Ризницата ?
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads