Црква „Св. Ѓорѓи“ - Берово (Лагадинско)
црква во Берово, Лагадинско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи (грчки: Ναός Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Берово, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.
Ова е гробишен храм во североисточниот крај на селото, изграден околу 1830 г. Има дури 188 вредни икони, изработени од почетокот на XVII до почетокот на XX век.[1]
Црквата е трикорабна базилика. Можеби имала портик на јужниот ѕид, каде има затворена врата. Големиот резбан иконостас речиси целосно го двои жртвеникот од наосот. Храмот е живописан во 1843 г. од Маргарит Ламбу од погрченото солунско село Кулакија. Најстарите икони се од 1774 г.[2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads