Црква „Св. Ѓорѓи“ - Валгаци
црква во Валгаци, Ениџевардарско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Валгаци, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата е изградена околу 1850 г.[2] Првично била трикорабна базилика со припрата и галерија на запад, како и трем на запад и јг. Мястото до каде достигал нартексот се познава по камените полочи на подот, а во северозападниот агол има траги од скалиштето. Тремот обновен со оригинални материјали. Црквата има едноводен покрив со засеци на малите страни. Има две врати — една на запад и една на југ, при што само западната е оригинална, со камен околувратник мали димензии. Од оригиналните внатрешни украси останале единствено иконостасот и еден проскинитар.[1] Во храмот има икони од зографот Николаос Константину од погрченото солунско село Кулакија.[3]
Во 1991 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1][4]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads