Валгаци

село во Гуменџиско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Валгациmap
Remove ads

Валгаци или Валгат (грчки: Καμποχώρι, Камбохори, катаревуса: Καμποχώριον, Камбохорион, до 1926 година Βαλκάση, Валкаси или Βαλκάτς, Валкац[2]) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Населението брои 106 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]

Кратки факти Валгаци Καμποχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на 5 км јужно од градот Бојмица.

Историја

Во Отоманското Царство

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Валгат (Валгаци) било село в Ениџевардарската каза со 140 жители Македонци.[4][5]

Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Валгаци (Valgatzi) имало 160 Македонци егзархисти и работело бугарско училиште.[4][6]

Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:

Валгатци (Валгат), 21 /III, 12 ч. од Оризарци. 24 македонски[7] егзархиски куќи, чифлик. Се занимаваат со земјоделство, бубарство и малку лозарство. Црнвата нема никакви имоти. Од Патријаршијата откажано пред десетина години пред статуквото. Училиштето (бегова куќа без наем) е двокатно: долу коњушница, горе само училница, без таван, со исподупчено душеме и ѕидови, два прозорца без рамки и стакла.[8]

По податоци на Егзархијата во 1910 г. В’лгаци (Вългаци) било чифлигарско село со 21 семејство сочинети од 135 жители Македонци и една црква.[4][9]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Валгаци пред Балканските војни имало 35 куќи на Македонци христијани.[10]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. Валгаци било пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година имало 142 жители кои во 1920 г. се накачиле на 165 лица.[3] Во 1925 г. речиси. сите жители (официјално 147) биле принудени да се иселат во Бугарија.[3] На нивно место се населени дојденци од селото Киздервент во Мала Азија чие население се Македонци од Охридско присилно иселени таму на почетокот на XVIII век за да бидат дервенџии, чиј јазик и денес е смеса од македонски со турски зборови.[11] Покрај нив имало и сосем мал број лица дојдени од Понд. Во 1926 г. селото е преименувано во Камбохори.[12] Во 1928 г. селото имало 336 жители[3] од кои 221 лица (65 семејства) биле дојденци, а останатите македонски староседелци.[13] Во 1940 г. Валгаци имало 310 жители, од кои, според НОФ, само 30 староседелски Македонци.[3]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Личности

  • Андон Георгиев — борец во МОО, четата на Лазар Делев, Зборна партизанска чета на МОО[15]
  • Мице Џамбазов — ръководител на месниот комитет на ВМОРО, затворен во Берскиот затвор по Првата балканска војна[16]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads