Црква „Св. Ѓорѓи“ - Вашарејца
црква во селото Вашарејца From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во селото Вашарејца.[1] Црквата е сместена на рид над селото и железничката пруга.[2]
Remove ads
Историја
Изградбата на црквата започнала во 1862 година, а истата завршила во 1883 година, во време кога началници во селото биле Ристе, Божин, Богдан, Илија и Георги Власак од родот Власковци; како и Петко, Трпче, Стојан, Коле и Ангел. Се претпоставува дека на 300 метри од црквата имало латински манастир. На тоа место се пронајдени мермерни камења, од кои некои се пренесени во црквата и денес стојат на самата нејзина врата. Тоа место кое сега е утрина (пасиште) и е наречено Манастириште.[2]
Remove ads
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа со украсена многуаголна апсида на источната страна. Влезот на црквата се наоѓа на јужната страна и над него има ниша со фреска на која е прикажан Свети Георги. Објектот е изграден од камен и е варосан, а во целост е покриен со кров од ќерамиди. Кон западната страна на црквата е дограден помошен објект. Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени камбанаријата, базен за верски обреди, железен крст и селските гробишта. Камбанаријата се издига на бетонски темел со квадратна основа и претставува отворена метална конструкција, заградена со ниска метална ограда во долниот дел и покриена со лимен пирамидален кров. Железниот крст се наоѓа на самиот врв на ридот на кој е сместена црквата и истиот е висок околу 15 м.[2] Крстот бил осветен на 24 јули 2016 година.
Remove ads
Живопис
Внатрешноста на црквата е целосно живописана со фрескоживопис кој содржи доста ретки и занимливи прикази на четворицата јавачи и апокалипсата, страшниот суд, пеколот и други мотиви од Библијата.[2]
Галерија
- Дворот на црквата
- Влезот на црквата
- Апсидата
- Помошниот објект
- Фреска со четворицата јавачи и апокалипсата
- Натпис со податоци за изградбата
- Фреска со Исус Христос
- Фрескопис на западниот ѕид со натпис за изградбата
- Камбанаријата
- Железниот крст
- Базенот за верски обреди
- Селските гробишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads