24 јули
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
24 јули — 205-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (206-и во престапна година). Остануваат 160 денови до крајот на годината. Предлошка:Јули 2025
Настани
1148 | Францускиот крал Луј VII поставил опсада на Дамаск во текот на Втората крстоносна војна. |
1534 | Жак Картие поставил крст на северноамериканското копно близу до устието на реката Сент Лоренс и го прогласил за прва француска територија во името на кралот Франсоа I. |
1715 | Шпанска флота со богатство составена од 10 брода заминала од Хавана, Куба кон Шпанија. Седум дена подоцна, 9 брода потонале во бура близу до Флорида. Богатството е откриено и извлечено од морето во 1960-тите. |
1823 | Укинато е ропството во Чиле. |
1908 | Турција е прогласена за уставна монархија. Овој датум се зема како Ден на победата на Младотурската револуција. |
1923 | Грција, Турција и сојузничките сили од Првата светска војна го потпишаа Лозанскиот договор, врз основа на која е извршена принудна размена на население: христијаните од Турција во Грција, а муслиманите од Грција во Турција. Ова во голема мера го изменило националниот состав на Егејска Македонија. |
1946 | Во Тихиот Океан, во близина на островот Бакини, САД ја извршија првата подводна атомска експлозија. |
1974 | По инвазијата на Турција врз Северен Кипар, паднала од власт воената хунта во Грција. |
2002 | Алфред Мојсиу е избран за претседател на Албанија. |
2014 | Парламентот го избира Фуад Масум за претседател на Ирак. |
2019 | Борис Џонсон станува премиер на Обединетото Кралство по оставката на неговата сопартијка Тереза Меј. |
Remove ads
Родени
1725 | Џон Њутон — англиски морнар и свештеник. |
1783 | Симон Боливар — јужноамерикански борец за независност. Овој ден се слави како Ден на Симон Боливар во Еквадор. |
1802 | Александар Дима Таткото — француски писател. |
1828 | Николај Чернишевски — руски писател, критичар и револуционер. |
1860 | Алфонс Муха — чешки сликар и илустратор, основоположник на стилот „Арт нуво“. |
1886 | Џуничиро Танизаки — јапонски писател. |
1921 | Џузепе Ди Стефано — италијански оперски пејач. |
1928 | Бранко Хорват - хрватски економист. |
1933 | Јежи Харасимович — полски поет. |
1938 | Хосе Алтафини — италијанско-бразилски фудбалер. |
1946 | Тито Беличанец — македонски правник и универзитетски професор. |
1947 | Предраг Ејдус — српски и југословенски глумец. |
1950 | Јадранка Стојаковиќ — југословенска пејачка. |
1954 | Живан Љуковчан — српски фудбалски голман. |
1958 | Мик Карн — британски рок-музичар. |
1961 | Максим Федотов — руски виолинист. |
1963 | Карл Мелоун — американски кошаркар. |
1969 | Џенифер Лопес — американска глумица и пејачка. |
1971 | Дино Баџо — италијански фудбалер. |
1974 | Милан Јуришиќ — српски криминалец. |
1975 | Рајан Стак — натурализиран македонски кошаркар. |
1985 | Лукаш Росол — чешки тенисер. |
1995 | Кајл Кузма — американски кошаркар. |
Remove ads
Починале
1957 | Методија Андонов - Ченто — македонски револуционер и државник — прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ. Роден е во Прилеп на 17 август 1902 година. |
1974 | Џејмс Чедвик — англиски физичар — откривач на неутронот и Нобелов лауреат во 1935 година. |
1980 | Питер Селерс — британски филмски глумец и комичар. |
1991 | Исак Башевис Сингер — американски писател и Нобелов лауреат, по потекло полски Евреин. |
2000 | Клод Соте — француски филмски режисер. |
2001 | Махир Камбери — поранешен член на ОНА. |
2001 | Сељман Нухиу — поранешен член на ОНА. |
2001 | Неџмедин Сулејмани — поранешен член на ОНА. |
2010 | Миа Оремовиќ — хрватска глумица. |
2023 | Тревор Френсис — англиски фудбалер. |
Празници
Еквадор — Ден на Симон Боливар. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads