Црква „Св. Ѓорѓи“ - Вевчани
црква во селото Вевчани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Великомаченик Георгиј - Победоносец — најнова црква во селото Вевчани. Црквата е возобновена на местото на стар манастир кој постоел во минатото. Се наоѓа на самиот влез веднаш до портата на Општина Вевчани и непосредно до крстосницата со регионалниот пат Струга-Дебар недалеку од првите куќи на селото Велешта.
Remove ads
Историја и возобновување

Црквата „Свети Великомаченик Георгиј - Победоносец“ е возобновувана по точно 100 години на темелите на некогашниот манастир „Свети Ѓорѓија“ кој бил целосно разрушен во Охридско-дебарското востание од 1913 година.[1] Обновата е на иницијатива на градоначалникот на Општина Вевчани според кого тоа е многу значајно не само за вевчанци туку и за целиот дримколски крај бидејќи тука се одвивало испраќањето на печалбарите.[1] Темелите за изградбата на црквата биле поставени на 6 мај 2013[1] година во присуство на тогашниот премиер Никола Груевски и митрополитот Тимотеј Дебарско-кичевски, како и на тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.[2] На ѕидањето работеле осуммина искусни вевчански мајстори кои рачно го обработувале најквалитетниот камен за фасадата.[1] Според проектот за изградба, црквата треба да претставува привлечна градба за верниците и посетителите[1]. Храмот се гради со средства од месните жители и други донации и требало да чини околу 300 илјади евра.[1] Архитект бил Стојче Наумовски, додека градежен изведувач биле „Виа“ ДОО - Вевчани.
Поради местоположбата на која е изградена црквата се појавил спор помеѓу Општина Струга и Општина Вевчани, за кој тогашниот министер за локална самоуправа Тахир Хани потврдил дека црквата и портата се наоѓаат на територијата на Општина Вевчани.[3] Земјиштето каде што се гради црквата порано и припаѓало на државата, но според тогашниот месен парохиски свештеник Зоран Попоски, направена е замена за црковен имот од 9 хектари земја каде што постоел разрушениот манастир посветен на Светиот великомаченик Ѓорѓи, според тапијата од 1925 година.[1]
Remove ads
Архитектура
Црковниот храм е висок 15 метри, со внатрешна површина од 100 м2 и погледната од воздух, наликува на православен крст.[1]
Галерија
- Црквата во 2018 година
- Црквата во 2018 година
- Црквата во 2023 година
- Црквата во 2023 година
- Црквата во 2023 година
- Црквата во 2023 година
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads