Премиер на Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Премиер на Македонија (службено Претседател на Владата на Република Северна Македонија; некогаш скратено ПВРСМ) — чиновник што стои на чело на Владата на Македонија како нејзин претседател. Со уставот од 1991 година и конституирањето на Македонија како независна држава, во државата се воспостави поинаков принцип на поделба на власта. Како носител на извршната власт беше назначена Владата на Македонија, со премиерот на нејзино чело.
- Според Уставот на Македонија, претседателот на владата и министрите ги избира Собранието на Македонија, со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници (Член 90 од Уставот на РМ).
- Собранието ја бира владата по предлог на мандатарот.
- Мандатарот го добива својот мандат за состав на Владата од страна на Претседателот на Републиката во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието и треба да биде од редот на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.
- Претседателот на владата и министрите уживаат имунитет и за нивниот имунитет одлучува Владата.
- Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата.
- Република Македонија од својата независност во 1991 имала вкупно тринаесет претседатели на Влада (меѓу кои еден претседател на преодна влада и 3 претседатели на техничка влада).
Remove ads
Список на премиери
Социјалистичка Република Македонија
- Партија
Македонија
- Партија
СДСМ (до 2016) СДСМ (по 2016) ВМРО-ДПМНЕ независен
- Статус
преодна влада
Remove ads
Временска линија

Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads