Црква „Св. Ѓорѓи“ - Нов Арманќој

црква во Нов Арманќој-Корделио, Солун From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου Ελευθερίου) — црква во населбата Нов Арманќој-Корделио на градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Кратки факти Свети Ѓорѓи, Место ...

Црквата се наоѓа на истоимениот плоштад „Свети Ѓорѓи“ (Агиос Георгиос) во јужниот дел на Нов Арманќој. Првиот храм е изграден во 1920-те од грчките доселеници, но со време тој станал премал за потребите. На 30 јуни 1974 г. митрополитот Дионисиј Неаполско-ставруполски го поставил камен-темелникот на новиот храм, а во 1980 г. го осветил истиот. Градбата претставува крстокуполен храм во византиски стил. Набргу потоа е дограден пронаосот, во кој има параклис „Св. Катерина“. Во 1994 г. кон северната страна на храмот е придодаден и параклисот „Тројца Светители“. Црквата е живописана во 1993 г.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads