Црква „Св. Јован Крстител“ - Дебриште

црква во Дебриште, Општина Росоман From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Јован Крстител“ - Дебриштеmap
Remove ads

Свети Јован Крстител — главна селска црква во тиквешкото село Дебриште, Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа на крајот од селото, во Горно Маало.

Историја

Црквата изградена во втората половина на XIX век, најверојатно на старо црквиште.[2]

Архитектура

Ова е мал храм со отворени тремови од јужната и северната страна кои се во урнатини.[3]

Фрескоживопис

Над западниот влез, во нишата е насликан покровителот Свети Јован Крстител, како и годината на живописувањето на црквата — 1873.[3]

Внатрешниот свод е со рамна дрвена таваница. На јужниот ѕид од внатрешната страна има натпис на зографите: „Из руки Петре и син его Глигур из Дебор село Тресанче 1873“. Зачувани се фрески во наосот и олтарот, но се во лоша состојба.[3]

Икони и иконостас

Има икони од XIX век.[3][4]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads