Дебриште
село во Општина Росоман From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дебриште — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во југозападниот дел на Општина Росоман, во Росоманското Поле, од левата страна на реката Црна, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кавадарци.[2] Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 300 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 16 километри.[2] Дебриште се наоѓа во западниот дел на областа Тиквеш, оддалечено 11 километри јужно од општинскиот центар Росоман.
До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од А3, додека под селото поминува новоизградениот експресен пат Градско-Дреново пуштен во употреба на 14 јануари 2025 година.
Селото се наоѓа на двете страни од Дебришкиот Дол, под југоисточната страна на Руен. Долот се влива во полето во реката Раец. Во селото постоела чешма, која се користела за вода за пиење.[3]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Скрки, Голиш, Колник, Курилова и Руен.[3]
Селото има збиен тип со разредени краеви. Горно Маало е во присоен дел, додека Долно Маало е во осојот на долот.[3]
Remove ads
Историја
Дебриште е населено уште од римско време како место за вадење на мермер. За тоа сведочат рударската населба и двата мермерни копа во околината на селото.[4]
Селото најпрвин се наоѓало на месноста Старо Село. Староседелските родови побегнале од таму од беговите кон крајот на XVII век.[3]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 12,8 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 854,4 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 376,6 хектари, а на шумите само 2,9 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во него работела земјоделска задруга и продавница.[2]
Мештаните се занимавале со земјоделство. До крајот на XIX век работеле за беговите.[3]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дебриште живееле 270 жители, сите Македонци.[5]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дебриште имало 160 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]
Селото е мало и во 1961 година броело 256 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 117 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 92 жители, од кои 91 Македонец и 1 Македонски Србин.[8]
Според пописот од 2021 година, во селото живееле 43 жители, од кои 37 Македонци и 6 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Дебриште е македонско село.
Според истражувањата од почетокот на 1920-тите години, во селото биле застапени следниве родови:[3]
- Староседелци: Бубевци (7 к.), Колевци (3 к.), Шоклевци (3 к.), Нединци (1 к.) и Галевци (4 к.).
- Доселеници: Трендевци (1 к.), доселени се во 1874 година од некое село Бизевиќ; Маслинковци (2 к.), доселени се во 1876 година од селото Росоман; Јованчевци (1 к.), доселени се од селото Трстеник во 1882 година; Лазовци (1 к.), доселени се од селото Ресава во 1884 година и Дафчевци (1 к.), доселени се од селото Бизевиќ во 1900 година.
Remove ads
Општествени установи
- Подрачното основно училиште „Пере Тошев“, петгодишно основно училиште во мирување во состав на ОУ „Пере Тошев“ - Росоман
- Општествен објект
- Основното училиште
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Дебриште било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Росоман, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Росоман.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кавадарци.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дреново, во која покрај селото Дебриште се наоѓале селата Возарци, Брушани, Галиште, Грбовец, Добротино, Драдња, Дреново, Кесендре, Мрзен Ораовец, Праведник, Раец, Фариш, Шешково и Шивец. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Дреново, во која влегувале селата Грбовец, Дебриште, Дреново и Драдња.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0719 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 65 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 65 гласачи.[16]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[4]
- Извор — рудник за мермер од римско и доцноантичко време;
- Курилово — рудник за мермер од римско време; и
- Под Селото — рударска населба од римско време.
- Цркви[17]
- Црква „Св. Јован Крстител“ — главна селска црква.
Редовни настани
- Слави[3]
- Атанасовден (летен) — главна селска слава.
Личности
- Родени во Дебриште
- Антоние Стојкоски — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.[18]
- Ратка Ценева Иваноска — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads