Црква „Св. Јован Претеча Надворешен“ - Негуш
црква кај Негуш, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Јован Претеча Надворешен (грчки: Τιμίου Προδρόμου, Έξω Πρόδρομος) — црква кај градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Remove ads
Местоположба
Храмот се наоѓа во месноста Кукули на 6 км од Негуш, по патот за с. Голема Река.[1][2]
Историја
Црквата првобитно била манастирска. Манастирот е основан во VII век, но уништуван на повеќе наврати.[3] Еден документ говори за негово преосновање во 1785 г. За време на Негушкото востание во 1822 г. манастирот е разурнат од турската војска. Црквата е обновена, но настрадала во 1842 г. е уништена во пожар. Во 1844 г. е повторно обновена со помош на жителите на Воден и околните села. Натписот гласи:[2]
„ | Ο πάνσεπτος ούτος Ναός του Τιμίου Προδρόμου ανοικοδομήθη ως πυρποληθείς το 1844 σωτήριον έτος αρχιερατεύοντος της επαρχίας Βοδενών του αοιδίμου Κύρου Μελετίου και ηγεμονεύοντος της σεβάσμιας ταύτης μονής Ανθίμου.[2]
Овој пресвет храм на Светиот Претеча се обнови од пожарот во 1844 г. при архијерејството на Воденската епархија на прославениот господин Мелетиј и игуменството на тој почитуван манастир Антим. |
“ |
За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија, манастирот служел како база на андартските чети, обезбедувајќи залихи и засолниште на андартите од цело Воденско. Затоа, на 14 јуни 1905 г. македонските чети направиле неуспешен обид да го запалат. На 26 јули 1905 г. македонските четници ги убиле монасите и опожариле дел од конаците. Манастирот е обновен, но во мај 1906 г. македонските чети повторно го изгореле. По обновата во 1912 – 1913 г. работел како парохиски манастир.[2]
На пописот од 1928 г. манастирот имал 1 калуѓер, а на пописот од 1940 г. се забележани 4 калуѓери.[4]
Во 1942 – 1943 г. манастирот повторно настрадал при пресметка на партизаните од ЕЛАС со окупаторските сили. За време на окупацијата, моштите од манастирот се префрлени во Воден.[2] Востановен е како женски манастир на 29 септември 1995 г.[2][3]
На 2 октомври 1985 г. црквата е прогласена за заштитен споменик.[1]
Remove ads
Архитектура
Храмот има две градежни фази — во првата е главниот наос, а во втората се нартексот и женската црква. Точните години не можат да се утврдат поради честите опожарувања и обнови. Градбата претставува трикорабна правоаголна сводеста базилика со три куполи над средниот кораб. Храмот има димензии 18,08 × 9,70 м. На запад има нартекс, а на исток има полукружна апсида украсена со слепи лакови.[5] При изградбата се користени мермерни антички фрагменти (сполии).[1]
Живопис
Иконостасот е обичен, триделен и има осум големи царски икони во ист стил, датирани во 1844 г. Авторите се Ѓорѓи Зограф Воденски (Γιώργι ζωγράφου Βοδενότις), Ѓорѓи Бојаџи (Γεώργιος Βογιατζής) и веројатно монасите-зографи Димитар и Данаил. Иконите немаат голема уметничка вредност.[5]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads