Црква „Св. Андреја Каридски“
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Андреја Каридски или Каривски (грчки: Αγίου Ανδρέα Καρύδη, Καρίβη) — црква во градот Костур, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]
Црквата била подигната во 1746 година,[2] а обновена е во XIX век.[3] Козма Етолски проповедал во храмот и затоа е посветена нему.[2]
Во 1991 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[4]
Градбата претставува еднокорабна базилика со дрвен покрив и отворен трем на јужната страна.[1][3] Резбаниот иконостас и иконите се од втората половина на XVIII век, за што сведочи натписот на иконата на Св. Андреја, кој ја наведува годината 1776.[1][3] Иконите на иконостасот, кои се во лоша состојба, од лево кон десно се: Св. Харалампиј, Св. Тројца, Пресв. Богородица со Младенецот, Христос Седржител, Јован Крстител, Св. Андреја.[1]
- Икони
- Соборот на ангелите
- Светите Земји
- Пресвета Богородица со Младенецот
- Распетието Христово
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads